Кога ќе те пречекаат со пушки и пиштоли, јасно е како ќе заврши мечот

Хаити го победи Белизе со 2:0 во меч од квалификациите за Светско првенство, а триумфот на домаќините е повеќе од очекуван. Двата гола беа постигнати во второто полувреме, па домаќините стигнаа до посакуваните три бода на стартот од квалификациите.

Овој меч имаше и опасна предигра, во која малку фалеше да настрадаат гостинските фудбалери. Екпсдицијата на Белизе преживеа пекол при доаѓањето на Хаити, откако додека патуваа со автобусот кон хотелот, беа пресретнати од група вооружени разбојници на мотори.

Бандитите го застанаа автобусот и со пушки и пиштоли вперени кон играчите се обидоа да ги киднапираат. За среќа, такво нешто не се случи, но од тој момент, гостинските фудбалери сигурно размислуваа само за тоа како да се вратат безбедни дома.

„Наеднаш се појавија наоружани луѓе на моторцикли. Го застанаа нашиот автобус и нешто разговараа со полицајците. Ги имаа вперено пушките и кон полицајците. Се плашевме. Некои од нас успеаа да го снимат целиот инцидент, но добивме закани дека треба сите снимки да бидат избришани за да не постои доказ дека се случило такво нешто“, раскажуваат членови од експедицијата на Белизе.

 

 

- Оглас -

Најнови вести