На Лацио му стаса СМС во вистинско време (Видео)

Играчите на Лацио се мајстори за голови и победи во финиш на натпреварите во Серија А, а и денеска славеа со погодок во последен миг.

Популарниот СМС, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, беше на вистинското место во 92. минута и со прецизен удар му донесе значајни бодови на Лацио во дуелот со Верона.

Голот на популарниот СМС за победа на „Бентегоди“ против Верона можете да го погледнете ОВДЕ.

Српскиот интернационалец го постигна седмиот гол сезонава во Серија А и клучен за продолжување на битката за пробив кон позициите што водат во Лигата на шампионите.

Милинковиќ- Савиќ кој е проценет на околу 100 милиони евра има и 9 асистенции, а Лацио успеа да се задржи на шесттата позиција со три бода зад Аталанта, која има меч помалку и четири зад Наполи.

 

- Оглас -

Најнови вести