Кога ќе заврши пандемијата, треба да се одигра едно ѕвездено Ел Класико

Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касилјас, даде предлог дека треба да се одигра едно Ел Класико меѓу ѕвездите на Реал Мадрид и Барселона, но само да се почека да се заврши пандемијата со Коронавирусот. Фудбалот речиси во целиот свет скоро цел месец е „замрзнат“ и засега не се знае кога повторно ќе продолжат возбудувањата во најважната споредна работа во светот.

„Кога ќе заврши целиот овој кошмар, треба да се собереме сите легенди кои низ годините игравме и да одиграме едно старомодно Ел Класико“, е предлогот на Касилјас.

Парите собрани од тој меч би биле дадени во добротворна цел за сите оние кои се борат против пандемијата со Коронавирусот.

- Оглас -

Најнови вести