Кога на Селтик му треба победа ВАР се гаси: Погледнете каков гол му беше признаен на шкотскиот гигант (ВИДЕО)

Со имплементирањето на ВАР-от во фудбалот се очекуваше да се намалат бројот на судиски грешки на натпреварите.

Иако во голема мера тоа успеа, сепак сè уште сме сведоци на голем број на грешки.

Такво нешто очигледно дека се случи на средбата меѓу Селтик и Хартс, каде што на домашниот победи со гол кој едноставно требаше да биде поништен.

Стрелец на сомнителниот гол беше Кјого Фурихаши во 33. минута, а со тоа домашните дојдоа до важни три бода.

Сега се на негатива од четири бода зад лидерот Ренџерс, а Хартс е веднаш зад нив со 27 бодови.

Погледнете го голот и проценете сами.

- Оглас -

Најнови вести