Кога не сака, не сака – Алба и сам се чудеше што утна за победа против Португалија (Видео)

Жорди Алба промаши чист зицер за победа на Шпанија против Португалија, а и самиот си се чудеше како не погоди со удар со глава во 87. минута на празна мрежа во дербито на Пиринеите.

Левиот бек на Црвената фурија промаши од 7-8 метри во ситуација кога голманот на Португалија Диого Коста не беше на голот на гостите.

Мечот заврши нерешено 1:1, што е петто реми по ред во дуелите на Шпанија и Португалија.

Двете селекции стартуваа со по еден бод во А сегментот од новото издание во Лигата на Нации, а головите ги постигнаа Алваро Мората во првото полувреме за Шпанија и Рикардо Орта во вториот дел за Португалија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести