Халанд ја урна Србија, Шпанија и Португалија знаат само за реми во дербито на Пиринеите (Видео)

Шпанија и Португалија ремизираа 1:1 во дербито на Пиринеите во премиерниот мечза двата гиганти во А сегментот од новото издание на Лигата на Нации.

Ова е петто реми за двете селекции по ред, а серијата ја продолжија и во првиот меч од Лигата на Нации денеска.

Шпанија поведе со интересен гол на Алваро Мората во првото полувреме, а Португалија израмни со погодокот на Орта во вториот дел.

Во 25. минута Црвената фурија изведе молскавична контра и со тики-така акција постигна победнички гол што беше дело на Мората.

Погодокот на Шпанците што беше прв во дербито на Пиринеите можете да го погледнете ОВДЕ.

Орта, кој влезе како резерва за Португалија во 72. минута, само 10 минути подоцна израмни за конечни 1:1.

Чешка ја изненади фаворизираната Швајцарија и славеше со 2:1 во вториот меч од А сегментот што се играше вечерва.

Новиот играч на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го одлучи мечот во Белград со гол во 26. минута и и донесе победа на Норвешка против Србија во Б сегментот.

Голот на Халанд можете да го погледнете ОВДЕ.

Во вториот по ранг систем на натпреварување во Лигата на Нации победa забележа и Шведска против Словенија во Љубљана со 2:0, а вториот гол го постигна Дејан Кулушевски. Исланд на гости против Израел одигра 2:2, за трилинг мечеви без победи на домашните селекции.

Денеска и Македонија ги почна натпреварите во новото издание во Лигата на Нации и во премиерниот меч од четвртата група во Ц сегментот одигра нерешено 1:1 со Бугарија во Разград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести