Кога нема да добиеш ниту една четвртина, дебаклот е неизбежен (Видео)

Приморска го декласира МЗТ Скопје со 93:71 во меч во кој гостите немаа предност по завршувањето на ниту една од четирите четвртини.

Домаќините ги добија првите три, а кога веќе беше познат епилогот и победата на Приморска, гостите од Скопје успеаја да одиграат нерешено 17:17 во последниот период од 10 минути.

Во видеоматеријалот погледнете ги најинтересните моменти од првиот финален меч во АБА 2 лигата. Се игра до две добиени, а екипата од Копер ќе има можност евентуалната мајсторка да ја игра на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести