Кога нема фудбал, се евоцираат спомени – Еве го најубавиот непризнат македонски гол (Видео)

Кога нема фудбал поради Коронавирусот, време е за потсетување на убавите моменти и уште поубавите голови. Ги има еден куп, но еден од нив, македонски, можеше комотно да конкурира и за наградата „Пушкаш“ во 2019 година, но, за жал, поради пропуст на судиите не беше признат.

Филип Најдовски, играчот на Вардар во февруари лани постигна гол за сите шпици и за сите времиња со проектил од 40-на метри што леташе со огромна брзина и прецизност. Топката заврши зад грбот на Костадин Захов, но, за жал, се случи голем превид на арбитрите. Тие не видоа дека топката со цел обем од пречката заврши во голот и не го признаа фантастичниот погодок на играчот на Вардар.

Ова е еден од најубавите непризнати голови не само во Македонија, веројатно и во Топ-10 голови на сите времиња што не важат, а беа регуларни.

 

- Оглас -

Најнови вести