Кога нема навивачи, транспарентите прават проблеми во Србија (фото)

Дуелот Партизан – Инџија од петтото коло во српската Суперлига задоцни со стартот околу петнаесетина минути, поради – транспарент!

Навивачката група „Гробари“ постави транспарент на јужната трибина од стадионот „Партизан“ на кој пишуваше вулгарна порака против градскиот ривал Црвена ѕвезда и српската фудбалска федерација.

„Додека ку*вата на табелата не бега, судијските „пропусти“ се сè потешки. На ку*ац цигански сојуз“, пишува на паролата.

Иако во Србија е забрането просуство на навивачи, доволно е еден транспарент да направи проблеми. Мечот започна дури откако ја отстранија паролата, а Партизан триумфираше со убедливи 5-0.

- Оглас -

Најнови вести