Мајсторски тикет со 11 погодени парови од вчерашните мечеви беше уплатен во Гостивар. Одиграни се дуели од најатрактивните лиги во Европа, а на крајот со вложени 50 денари, нето добивката е 38.616 денари.
Карактеристично за овој тикет е дека обложувачот навистина ја имал среќата на своја страна, затоа што на дури три натпревари, погодоци за добитна комбинација беа постигнувани во 90+ минутите.
Манчестер јунајтед на неверојатен начин стигна до победа против Брентфорд со 2:1. Гостите водеа со 0:1 до 90+3 минута, а потоа се случи чудо на „Олд Трафорд“. Скот Мектомонеј кој во игра влезе во 87 минута, постигна два гола за неверојатен пресврт.
Речиси идентична ситуација имаше на Брага против Рио Аве. Гостите водеа на полувреме со 1:0 и тој резултат беше активен додека не почна да тече 90+ минути времето. Во 90+1 минута Брага израмни на 1:1, а се играше 90+6 минута кога домаќините направија комплетен пресврт и победија со 2:1.
На гостувањето кај Џенова, Милан даде гол за победа од 1:0 во 87 минута, а потоа во судиското надополнување следуваше драма кога на голот на Росонерите мораше да застане голгетерот Оливие Жиру.