Пулишиќ го искачи Милан на врвот од Серија А (Видео)

Екипата на Милан е нов лидер во Серија А, откако вечерва ја совлада Џенова на гости со 0-1 и го искористи киксот на градскиот ривал Интер кој одигра само 2-2 на домашен терен против Болоња.

Херој на екипата на Милан е репрезентативецот на САД, Кристијан Пулишиќ, кој во 87-мата минута најдобро се снајде во казнениот простор на домашните и прецизно биеше за голема победа на неговата екипа.

Со оваа победа Милан дојде до 21 бод, два повеќе од Интер кој е втор.

- Оглас -

Најнови вести