Конечно бајка на „Театарот на соништата“: Манчестер јунајтед губеше до 93 минута, а на крајот победи (Видео)

Манчестер јунајтед го победи Брентфорд со 2:1 во меч на кој Црвените ѓаволи губеа со 0:1 до 90+3 минута. Навивачите на „Олд Трафорд“ беа подготвени за ново големо разочарување од своите миленици, но во последните моменти се случи чудо.

Гостите поведоа со голот на Јенсен во 26 минута и 0:1 беше се до судиското надополнување.

Во 87 минута во игра во тимот на Манчестер јунајтед влезе Скот Мектоминej кој се претвори во херој. Најпрво во 90+3 минута Мектомини погоди за 1:1, но тоа не беше крајот.

Следуваше уште една голема радост за домашните фанови на „Олд Трафорд“, откако истиот играч повторно погоди во 90+7 минута, за делириум на трибините.

Во останатите мечеви: Барнли – Челзи 1:4, Евертон – Борнмут 3:0, Фулам – Шефилд јунајтед 3:1. Претходно Тотенхем со 1:0 го победи Лутон.

- Оглас -

Најнови вести