Кога се гостува кај Атлетико, една работа е строго забранета, играчот на Бетис тоа не го знаеше и за малку ќе настрадаше (Видео)

Атлетико Мадрид веќе неколку сезони своите мечеви како домаќин ги игра на новоизградениот модерен стадион „Ванда Метрополитано“. Домаќините имаат традиција дека никој не смее да го гази грбот на клубот, иако тој е поставен буквално на патот кон соблекувалните.

На последниот дуел на Атлетико против Бетис, гостинскиот играч Емерсон едноставно без да внимава тргна да помине директно преку симболот на Атлетико, но на време реагираше неговиот Ренан Лоди. Играчот на домаќините го фати Бразилецот зад грбот и го повлече наназад за да не го згазне грбот на Атлетико.

Во текот на сезонава, таков „инцидент“ имаше и Киран Трипие, кој дојде во Атлетико на почетокот на сезоната. Трипие во првото коло уште како да не беше навикнат дека не смее да гази на тој дел од тревата, па Алваро Мората мораше навреме да го спаси од непријатност.

 

- Оглас -

Најнови вести