Кога се игра на екипи како Аталанта доволни се и 45 минути за одлична добивка (Фото)

Неверојатен тикет вчера беше уплатен во Скопје, каде што еден обложувач со вложени 300 денари на три натпревари со идентична игра „домаќинот да даде два гола во првото полувреме“ направи квота од 534 и си заработи 136.397 денари.

На тикетот се одиграни три натпревари од три различни натпреварувања, финалето во Лигата на Европа, меч од Купот на Бразил и дуел од парагвајскиот шампионат, а квотите се движеа од 4.85 до 12.2.

Првиот дуел на тикетот беше тој во финалето во Лигата на Европа меѓу Аталанта и Баер Леверкузен кој заврши со убедлив триумф од 3:0.

Адемола Лукман ги постигна сите три гола за Аталанта, во 12-тата, во 26-тата и во 75-тата минута и го израдува скопјанецот.

Натпреварот во парагвајскиот шампионат меѓу Сол де Америка и Такуати заврши со триумф на домаќинот од 6:3 на кого му беа потребни само 25 минути да постигне два гола.

Последниот меч на тикетот беше ток од Купот на Бразил меѓу Атлетиго ГО и Бруске на кој домаќинот славеше со 4:2, а по првото полувреме беше 3:1, со што донесе голема добивка во Скопје.

 

 

- Оглас -

Најнови вести