Кога Шалке губи со 0-4, капитенот останува без лентата

Фановите на бундеслигашот Шалке 04 се едни од најлојалните во Германија, па срамот кој им го приредија нивните миленици на дуелот со Фортуна Дизелдорф кога дома загубија со 0-4, не можеше да помине неказнет.

Разочараните навивачи се симнаа на терен, и во знак на протест, како своевидна дисциплинска мерка, на Бенџамин Стамбули му ја одземаа капитенската лента. Пораката е испратена, а дали нешто ќе се смени на подобро во следното коло кога Шалке гостува кај Вердер, останува да се види.

Тимот од Гелзенкирхен има 13 порази сезонава, и моментно е на 14 место, па ако во наредните мечеви не ги подобри формата и резултатите, може да се доведе во ситуација да се бори за опстанок, бидејќи Шалке е на седум бода над опасната зона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести