Кога си суперѕвезда, имаш попуст: Мане со крвнички старт за кој не доби црвен картон (Видео)

Проклетството на бранителите на трофејот на Африканскиот куп на нациите продолжува откако селекцијата на Сенегал синоќа беше елиминирана во осминафиналето. Сенегал загуби од домаќинот Брегот на Слоновата Коска, и тоа дури по изведување на пенали, па веќе на неколку АКН се случува бранителот на тронот да не стигне ниту до четвртфиналето.

Освен пеналите, кои ќе се памтат како клучни на овој меч, впечатлив беше и фаулот кој го направи Садио Мане. Најголемата ѕвезда на Сенегал уште на почетокот од дуелот, односно во деветата минута имаше крвнички старт врз Ибрахим Сангаре.

https://twitter.com/i/status/1752063949053583550

За среќа, фаулираниот играч помина без повреда затоа што успеа навреме да ја крене ногата и да нема голем притисок при ударот и избегна скршеница.

Судијата Ачо од Габон му даде само жолт картон на Мане, а воопшто не сакаше да ја погледне видеоснимката за да забележи колку сериозен беше стартот со крената нога и отворен ѓон.

- Оглас -

Најнови вести