Кога Сити не може, што да прават другите клубови – Гвардиола се жали: Немаме пари за напаѓач од светска класа

Пеп Гвардиола се жали и најави дека Манчестер сити нема да ангажира напаѓач од екстра квалитет во летниот период како замена за Серхио Агуеро.

Иконата на Сити и најдобар стрелец во историјата на клубот ќе си замине по цела деценија, а Пеп вели дека клубот нема пари да купи квалитетна замена.

„Во ваква криза и економска ситуација, за жал, големи се шансите да не купиме напаѓач, барем не квалитетен од калибарот на Агуеро. Особено ако останат цените на најдобрите шпицови на светот што моментно се актуелни на фудбалскиот пазар“, вели тренерот на Манчестер сити.

Ако не се смени нешто и ако богатите шеици, кои се сопственици на Сити, не го одврзат кесето, тогаш лидерот во Премиер лигата ќе остане само со еден класичен напаѓач, Габриел Жесус.

Со него играа во поголемито дел од сезонава и сепак се убедливо први во Англија, а Гвардиола честопати користеше играчи како „лажна деветка“, кои не се класични шпицови.

 

- Оглас -

Најнови вести