Кои се фудбалерите кои упропастија најмногу шанси за голови во Топ 5 лигите?

Во ситуација кога фудбалската топка во Европа мирува, се прават многу анализи за тоа како поминал досегашниот дел од сезоната, посебно во најсилните пет лиги. Направена е пресметка за тоа кои се играчите кои најчесто влегуваат во ситуација за гол, но едноставно не може да погодат.

Можеби делува чудно, но на врвот на оваа листа се докажани голгетери кои се страв и трепет за противичките голмани, но статистиката покажува дека често знаат и да упропастат шанси за чист погодок.

Роберт Левандовски е одличен е досега даде 25 гола во 23 меча во Бундеслигата, но тоа што зачудува е дека Полјакот е и играчот кој упропастил најмногу чисти шанси за гол. Тоа значи дека Левандовски многу често влегува во гол позиции, но ако успеал да биде посигурен во реализацијата, неговото конто на постигнати погодоци ќе било многу поголемо.

Пресметките се дека голгетерот на Баерн Минхен во 22 ситуации излегол „еден на еден“ или бил во зицер ситуација за гол, но не погодил. Ниту еден друг фудбалер во Топ 5 лигите немал повеќе вакви пропуштени шанси. По Левандовски, следуваат Килјан Мбапе од ПСЖ со 19 утнати зицери, колку што има и Роберто Фирмино од Ливерпул.

Во Шпанија играч со најмногу пропуштени чисти шанси е Алваро Мората од Атлетико Мадрид (18), а голгетерот на Рома, Един Џеко, сезонава успеал да не погоди 16 чисти ситуации за погодок.

- Оглас -

Најнови вести