Кој би помислил дека дека го играат 111-тото првенство – Костариканците продолжуваат од денеска, Хередијано оди на хет-трик

Со мечот меѓу Гвадалупе и Лимон вечерва од 23 часот продолжува првенството на Костарика, а стандардно во земјите на Јужна и на Средна Америка се игра во два дела или популарните Апертура и Класура.

Костариканците имаа долга фудбалска традиција, а првиот шампионат беше во 1923 година и првак стана Картахена.

Во тек е 111-тото првенство, што породолжува вечева, а најтрофеен клуб е Саприса, моментно и лидер на табелата по 15 одиграни кола со 33 бода. Прекинот на шампионатот беше во март, како и во сите останати земји и причината е веќе добро позната, пандемијата со ковид-19.

Вечерва ќе има камбек со интересна ситуација. Трите најтрофејни екипи моментно се и најдобропласирани, а Саприса, која е рекордер со 34 титули, го чува врвот, со четири бода предност пред големиот ривал Алајуеленсе со 29 бода и досега освоени 29 пехари шампион на Костарика.

Зад нив е Хередијано со 28 трофеи и моментно со 26 бода, а екипата од Сан Франциско ќе се обиде да забележи хет-трик откако ги освои последните две шампионски титули во земјата.

 

- Оглас -

Најнови вести