Кој чека ќе дочека, Кампацо вечерва ќе дебитира за Ѕвезда во Евролигата!

Кошаркарскиот тим на Црвена ѕвезда вечерва во Минхен му гостува на Баерн во важен меч од Евролигата, а во составот на белградските Црвено-бели ќе биде и Факундо Кампацо, аргентинската ѕвезда којa ќе заигра за првпат во Евролигата во дресот на Ѕвезда.

Кампацо пред неколку месеци потпиша за Ѕвезда, но имаше проблем со регистрација во елитното европско натпреварување, па дури сега, на девет кола до крајот, ќе почне да игра. Српскиот првак има цел да се најде во плејофот, но за да биде во Топ 8, ќе мора да добие голем дел од преостанатите мечеви.

Во моментов, Ѕвезда (11-14) има две победи помалку од групата од пет екипи кои се од шесто до десетто место со скор 13-12, а 11-тиот Ефес има по 12 победи и 12 порази.

Со Кампацо во составот, Ѕвезда нема пораз, но тоа беа мечеви од АБА лигата и Купот на Србија.

- Оглас -

Најнови вести