Кој чека ќе си дочека – Хаверц го положи испитот, нема да го утне Атлетико по вторпат

Каи Хаверц сепак си дочека да игра во Мадрид, против Атлетико, откако ждрепката сакаше овие два клуба, заедно со Јувентус и Локомотив Москва да бидат во иста група во Лигата на шампионите.

Хаверц во 2017 година не патуваше за Мадрид на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Атлетико и Баер, поради интересна причина.

Тогаш на 17-годишна возраст Каи мораше да полага испит на училиште и не можеше да игра во реваншот. На првиот меч на „Бај арена“ беше на теренот како стартер до 56. минута, кога го замени Кевин Фоланд.

Атлетико на тој двомеч беше подобар, славеше во Леверкузен со 4:2, а потоа одигра без голови на свој терен и мина во следната фаза.

Хаверц е еден од најблескавите таленти во германскиот фудбал, има 20 години и е најмладиот дебитант во Бундеслигата и најмлад стрелец на Баер Леверкузен во клупската историја.

 

- Оглас -

Најнови вести