Кој е полош изведувач на пенали, Роналдо или Меси?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо постојано се во некаква трка која е само меѓу нив двајца. Роналдо синоќа не погоди пенал за Јувентус на дуелот против Киево, но, за негова среќа, „старата дама“ лесно стигна до победата (3-0) и се зацврсти на врвот од табелата во Серија А.

За Роналдо тоа беше 25-ти утнат пенал во кариерата и со тоа успеа да се израмни со Меси, кој веќе имаше 25 неуспешни обиди од белата точка. Како и во многу категории, ете и тука, двајцата најдобри фудбалери на денешницата се израмнети.

Сепак, прашањето е кој има подобра реализација и кој всушност е подобар пеналџија од нив двајцата. Роналдо синоќа го изведе 139-тиот пенал во кариерата (вклучувајќи ги и тие во пенал-рулетот) и не погоди по 25-ти пат, што значи дека има погодено 109 пенали. Меси вкупно шутнал 108 пенали, а утнал 25, што значи дека се израдувал на 83 вакви погодоци.

Математиката е едноставна, Роналдо има подобар процент на реализаиција на ударите од белата точка од Меси.

- Оглас -

Најнови вести