Кој ќе биде шампион на Саудиска Арабија? Актуелниот шампион е најголем фаворит да го одбрани трофејот (Фото)

Во недела започнува новата сезона во професионалната лига на Саудиска Арабија. Sport Life веќе ги објави квотите за шампион во првенството на Саудиска Арабија, а фаворит да го одбрани трофејот е Ал-Итихад. Квотата за шампионска титула за екипата во која ќе игра Карим Бензема е 2.80.

Веднаш зад нив на втората позиција е Ал-Наср, клубот на Кристијано Роналдо, со квота од 3.25, а трет фаворит е Ал-Хилал, кој потроши најмногу со квота од 3.50.

Останатите екипи се далеку зад оваа тројка, а клубот кој ќе биде трениран од Стивен Џерард е дури шести фаворит со квота од 15.

Летово голем број на фудбалери и тренери се преселија во Саудиска Арабија, но преодниот рок продолжува се до крајот на септември. Во продолжение официјалниот список на ѕвезди и тренери кои до моментов се преселија во Саудиска Арабија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести