Кој ќе ја добие Златната топка? Меси има повеќе асистенции, Левандовски е кралот на стрелците (Фото)

Лионел Меси, или Роберт Левандовски ќе ја добијат претижната награда на Франс фудбал, а според учинокот во минатата сезона двајцата извонредни играчи имаат шанса за „Златната топка“.

Лионел Меси е во предност и според неофицијалните информации по седми пат ќе биде лауреатот и ќе го добие признанието „Балон Д`Ор“.

Аргентинецот ги освои пехарите во Копа дел реј и на Копа Америка, а има повеќе асистенции од Левандовски од позначајните статистички категории.

Полјакот има постогнато повеќе голови од Меси и е Крал на стрелците за минатата сезона.

И двајцата беа најдобри стрелци во првенствата каде што настапуваа, Меси во Ла Лига, а Левандовски во Бундеслигата.

Шпицот на Баерн се закити со шампионската круна во Германија и со пехарот на светскиот клупски куп.

Кандидат за престижната награда е и Карим Бензема, но на него му се даваат мали шанси да изненади и да ја добие „Златната топка“.

Според една информација што беше објавена викендов, Меси ќе биде лауреатот, Бензема ќе биде втор, а Левандовски дури на третото место.

Свечената церемонија што ќе ја води легендата Дидие Дрогба ќе се одржи вечерва од 20.30 часот во парискиот театар Шателе, а добитникот ќе биде познат околу 21 часот.

Во изборот за престижната награда учествуваа 180 новинари од целиот свет.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести