Кој најмногу ги крши стативите во Англија?

Фудбалерите на Астон vила и на Чарлтон се рекордери по погодени рамки на голот на противниците во сите лиги во Англија, е податокот што го објавија педантните аналитичари на фудбалот на Островот.

Астон вила, екипа која игра во Премиер лигата, и Чарлтон, членот на Лига 1, се рекордери со по 18 погодени стативи, или греди на голот на противниците.

Во финишот на сезоната распоредот може и да се смени, а веднаш зад водечкиот двоец, следува трилинг на екипи со по 17 пати погодени рамки на голот на ривалите.

Веднаш зад Вила и Чарлтон, се Вест хем, Ковентри и Питерборо со по 17 удари во рамките на голот. Вест хем бие битка за пласман во Лигата на шампионите и на крајот од сезоната токму овој сегмент може да биде решавачки за Чеканите.

Питерборо нема скапо да ги плати стативите и гредите бидејќи успеа да се промовира во нов член на Чемпионшип откако заврши како второпласирана екипа во Лига 1.

Во идната сезона ривал ќе му биде Ковентри, екипа со која го делат второто место според статистиката на погодени ракми на голот во оваа сезона во Англија.

Во оваа категорија се истакна и засега најдобриот тим во Англија, Манчестер сити, екипа што очекува официјална промоција како нов шампион во Премиер лигата.

Популарните Граѓани имаат за одигрување уште 3 натпревари во Премиер лигата и се со предност од 10 бода, но и со меч повеќе од Манчестер јунајтед.

Во досегашните 35 кола, играчите на лидерот дури 16 пати гаѓаа статива или пречка, со што се на шестото место, зад Вила, Чарлтон, Вест хем, Питерборо и Ковентри.

 

- Оглас -

Најнови вести