Кој ве турна денеска? Ливерпул, Борусија, Јуве, Аталанта, ПСЖ, Реал…

Ако во Лигата на шампионите во вторникот и средата резултатите беа реални и им одеа во прилог на многу обложувачи, викендов не почна баш добро. Денеска голем број фаворити и тимови кои играат во Лигата на шампионите, киксираа и испуштија планирани бодови во домашните првенства.

Ливерпул само ремизираше против Брајтон, па и поразот на Евертон дома од Лидс е изненадување во Премиерлигата. Во Франција, ПСЖ не успеа да победи дома против Бордо, одигра само 2-2, и тоа е неочекуван резултат. Во Италија, првакот Јувентус не победи против малиот Беневенто, а вечерва Аталанта без „испукан куршум“, загуби од Верона.

Во Бундеслигата најголем непланиран кикс направи Борусија Дортмунд која разочара многумина со поразот на свој терен од Келн, додека капак беше поразот на Реал Мадрид од Алавес, па популарното „вадење“ на вечерните средби не помина овојпат, туку само дотепа обложувачи кои типуваат на „сигурни“ помали квоти.

Проблематично беше обложувањето и на кошаркарските мечеви од квалификациите за ЕП 2022. Една Србија загуби од Швајцарија, а Шпанија загуби од Израел после предност од 16 разлика на Црвената фурија по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести