Колашинац е во триаголникот Леверкузен-Рим-Гелзенкирхен

Сеад Колашинац доби дозвола од Арсенал да си бара нов клуб, што според интересот на неколку екипи, нема да биде тешка мисија за дефанзивецот.

Колашинац не игра редовно, па Топчиите, односно тренерот Микел Артета објави дека во иднина нема да смета на него и на Тореира и Гендузи, кои исто така се слободни во изборот на нова средина, се разбира со одреден отштета.

Еден од клубовите што е заинтересиран за 27-годишниот лев бек и репрезентативец на Босна и Херцеговина е и Шалке 04.

Колашинац ја почна професионалната кариера во клубот од Гелзенкирхен, а со Арсенал тоа се двата клуба во кои настапувал дефанзивецот.

Сепак, засега најблиску до ангажман на играчот на Топчиите е Баер Леверкузен, кој му нуди на Колашинац да се врати во Бундеслигата.

Интерес за одличниот бек има и од Италија, а заинтересирана е Рома.

- Оглас -

Најнови вести