Колешката од женскиот тим го брани Саутгејт: „Ми се допаѓа Герет, и како тренер и како човек“

Герет Саутгејт поднесе оставка како селектор на англиската репрезентација во вторникот наутро, откако вторпат по ред загуби во финале на Европско првенство. Англичаните беа поразени од Шпанија со 2:1 во финалето на ЕВРО 2024 во Берлин.
Во британските медиуми веќе се шпекулира за можните наследници на Саутгејт, а меѓу кандидатите се појави и една жена.

Се работи за Сарина Вигман, селекторката на женската англиска репрезентација, која е кандидатка за наследник на Саутгејт. Вигман е Холанѓанка која од 2021 година ја води Англија, откако претходно пет години беше селекторка на својата земја.

Со Англија, Вигман минатата година беше втора на Светското првенство, зад Шпанија. Година пред тоа го освои Европското првенство.

ФИФА четирипати ја прогласи за најдобар тренер во светот во женскиот фудбал.
Англиските новинари ја прашаа Сарина Вигман како се чувствува за поврзувањето со клупата на машката репрезентација на Англија.

„Тоа навистина е несоодветно“, рече Вијгман.

„Разочарана сум што Саутгејт замина. Ми се допаѓа Герет и како човек и како тренер. Мислам дека навистина е инспиративно тоа што го направи со Англија и не заслужуваше да замине на ваков начин“, истакна селекторката на женската фудбалска репрезентација на Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести