Колина: Сега им е полесно на судиите, но не треба да претеруваат со ВАР

Легендарниот фудбалски судија Пјерлуиџи Колина, кој е и претседарел на Судиската комисија на ФИФА, во интервју за „Газета дело спорт” по повод 60-тиот роденден даде вредни совети до судиите во однос на користењето на ВАР-системот.

„Мислам дека судиите треба да свират така што нема да има потреба од ВАР-технологијата. Тие треба да внимаваат повеќе, а не да сметаат само на системот за видеоповторување. Денеска полесно е да си судија отколку во мое време, бидејќи сега грешките не се фатални. ВАР им дава голем мир на судиите, но тие треба да се подготват на најдобар начин пред секој меч. Важно е да ги познаваш сите фудбалери и да ги знаеш неговите карактеристики и квалитети. Ако сакаш да си еден од најдобрите судии, требва да судиш точно и прецизно, а не да чекаш само на ВАР. Тој систем може да ти помогне, корисен е, но секој судија треба сам да одлучува и да носи одговорност за дејствата на теренот“, вели Колина.

 

- Оглас -

Најнови вести