Италијанскиот првак Јувентус дури утринава ја испрати првата официјална понуда за Матајс де Лихт. Во таборот на Копјаниците ја разгледуваат таа понуда, чија вредност е 55 милиони евра, надополнета со 10 милиони евра во бонуси. Старата дама претходно ги договори личните услови со Холанѓанецот, кој во Торино ќе заработува 12 милиони евра по сезона според петгодишниот договор, а секако ќе бидат вклучени дополнителни бонуси.
Барселона и ПСЖ дефинитивно се откажаа од трката за потписот на Де Лихт, така што Јуве не треба да стравува од „кражба“ во последен момент. Ајакс уште пред почетокот на летниот преоден рок ја постави цената од 75 милиони евра за својот капитен, така што разликата е само неколку милиони во однос на првата понуда на Јуве.
Преселбата е неизбежна, Де Лхит ќе биде новото огромно засилување на Јуве и ќе биде втор најплатен играч во тимот, по Кристијано Роналдо. Она што се чека е „благословот“ од Ајакс за да се оствари трансферот.