Ноќ за уживање во НБА и НХЛ, со пет плуса може да се дојде до добитен тикет

8180 Кели Убре јуниор (НБА, Орландо – Шарлот, 01 часот)

Кели Убре јуниор втора сезона игра за Шарлот хорнетс и станува вистинска адут на Стршните, кои се во лоша форма и имаат 8 порази по ред.

И во таков лош амбиент со многу порази, крилото на Шарлот е меѓу ретките светли точки и игра одлично.

Во последно време е и исклучително ефикасен, а познат е и како атрактивен кошаркар, кој знае да воодушеви со забивање и со добри потези.

Сезонава има просек од 18,5 поени по меч, а токму толку му треба за да биде во плус и против Орландо.

Предлог тип: >18.5 поени (1.85)

 

8355 Џејсон Тејтум (НБА, Бостон – Оклахома, 01.30 часот)

Џејсон Тејтум е вистински лидер на Бостон селтикс и по ланското финале, и тој и соиграчите очекуваат да го направат и клучниот чекор и да ја освојат 18-тата титула, што долго се чека и би била рекордна.

Моментно со Лос Анџелес лејкерс се израмнети на врвот со по 17 шампионски круни, а како играат Тејтум и соиграчите, не е невозможно токму тие да бидат новите шампиони во НБА-лигата.

Крилото на Келтите дополнително се разигра во последно време и на четири меча по ред постигнува над 30 поени со рекордни 43 пред две ноќи против Детроит пистонс.

Кога игра во топ-форма, Тејтум е како фурија на паркетот и е незадржлив, а ноќеска чека и хет-трик од 30+ против Оклахома, откако на претходните два меча им даде 33, односно 36 поени.

Предлог тип: >30.5 поени (1.95)

 

8358 Пол Џорџ (Хјустон – ЛА клиперс, 02 часот)

Пол Џорџ е расен стрелец и еден од најдобрите шутери во НБА-лигата и кога игра како што умее, е незадржлив.

Сега има и дополнителен товар на плеќите бидејќи втората голема ѕвезда на Лос Анџелес клиперс, Кавај Ленард, не игра поради повреда.

Џорџ одговори на предизвикот и беше вистински лидер на тимот во отсуство на Ленард, а дури ноќеска му ја прекинаа серијата од 26+ поени на шест меча по ред.

Против Бруклин на последниот меч што се играше утринава постигна само 17 поени, но очекуваме пак да се врати во претходниот ритам и да го наполни кошот на Хјустон.

Предлог тип: >26.5 поени (1.95)

 

8362 Колорадо авеланш – Сент Луис блус (НХЛ, 03 часот)

Првакот во НХЛ-лигата се разигра и нанижа четири победи по ред, иако има многу кадровски проблеми.

Колорадо остана без седум хокеари, но и десеткуван гази сè пред себе, а го има и најефикасниот тандем во Лигата.

Мекдејвид со 32 поени е лидер, а зад него е Драисајтл со 28 поени, дуо што е движечка сила на Авеланш.

Сент Луис изненадувачки е претпоследен во Западната конференција, но со две победи по ред најави пробив кон горниот дом и кон позициите што гарантираат плејоф.

Гостите имаат одличен тим и се очекува ултраефикасен меч на две топ-екипи.

Предлог тип: >5.5 гола (1.55)

 

8339 Голден стејт вориорс – Сан Антонио спарс (НБА, 04 часот)

Шампионот е со две лица сезонава, и тоа сосема различни. Дома се неприкосновени и имаат биланс од пет победи и само еден пораз, но играат катастрофално на гостински терен и се со скор од 7 порази и ниту една победа.

За нивна среќа, ноќеска Воините ќе играат на свој терен, па очекуваат нова победа, но Сан Антонио е тврд орев на гости.

Иако направија ремонт на екипата со неколку трампи, Мамузите од Сан Антонио играат одлична кошарка и се држат до местата што водат во пелјофот.

За Голден стејт се знае целта, ќе се атакува на одбрана на титулата, а и двете екипи имаат одлични офанзивци за да одиграат меч со над 233 поени.

Предлог тип: >232.5 поени (1.94)

 

 

- Оглас -

Најнови вести