Колумбија ќе игра против Уругвај во полуфиналето на Копа Америка, откако рано утрово Кафетеросите со 5-0 ја прегазија Панама, додека некогашните светски прваци на пенали беа подобри од Бразил.
Колумбија има серија од 27 мечеви по ред без пораз, никој друг во светот во моментов нема таква долга низа. Хамес Родригес е во топ форма, против Панама имаше прво полувреме за паметење, со еден гол и две асистенции. Колумбијците повеќе од десет години немаа победа со пет гола разлика на еден официјален меч, и првпат во историјата дадоа пет гола на средба од Копа Америка.
Уругвај и Бразил одиграа грди 0-0 во регуларниот дел, Бразилците кои беа без Винисиус, не ја искористија предноста од човек повеќе на терен која ја имаа 20-тина минути, па се прејде на изведување пенали.
Милитао и Даглас Луиз не ги реализираа своите пенали, кај Уругвај само Хименес беше непрецизен, па Уругвајците одат понатаму, за нивно прво полуфинале од 2011 наваму и прва елининација на Бразил од страна на „Лудакот“ Марсело Бјелса во неговата селекторска кариера.
SAN SERGIO ROCHET. pic.twitter.com/XuY8lVexU1
— CONMEBOL Copa América™️ (@CopaAmerica) July 7, 2024