Колумбија одолеа против Бразилците, кои закажаа четвртфинален дуел со Уругвај (Видео)

Колумбија ја продолжи својата импресивна серија без пораз. „Лос Кафетерос” ремизираа 1-1 против Бразил и како победници на групата Д одат во четвртфинале на дуел со Панама. Даниел Муњоз со голот во последните мигови од првиот дел ѝ го донесе златниот бод на Колумбија откако Бразил поведе во 12-тата минута со голот на Рафиња.

Ова ги води Бразилците на четвртфинален дуел со Уругвај. За да биде потешко за нив, ќе играат без Винисиус Жуниор, кој е суспендиран поради жолти картони.

Костарика во првите десет минути го нокаутираше Парагвај победувајќи со 2-1.

Четвртфиналните мечеви започнуваат во ноќта меѓу четврток и петок, кога Аргентина ќе игра против неубедливиот Еквадор во Хјустон.

 

- Оглас -

Најнови вести