Колумбија во финале, Нуњес со тупаници си го спасуваше семејството од бесните Колумбијци (Видео)

Репрезентацијата на Колумбија е вториот финалист на Копа Америка откако со минимални 1-0 славеше над Уругвај. Единствениот гол на мечот беше дело на Џеферсон Лерма во 39-тата минута, но само шест минути подоцна Даниел Муњос заработи црвен картон, па Колумбија со човек помалку на теренот мораше да се брани, а на крајот и да се одбрани од нападите на Уругвај.

Сепак, натпреварот падна во сенка на инцидентот кој се случи по последниот судиски свиреж. Фудбалерот на Уругвај, Дарвин Нуњес, се стрча кон трибините и започна физички да се пресметува со навивачите на Колумбија. Нему му се придружија и дел од соиграчите, а дури потоа интервенираше полицијата.

На многумина не им беше јасно што се случува, но Нуњес тргна да си го спасува семејството, кое беше на трибините, и тоа сред навивачките немири. Интервенцијата на полицијата беше задоцнета, па фудбалерот одлучи сам да ги спасува.

По завршувањето на натпреварот, камерите го уловија фудбалерот на Ливерпул во прегратки со своето дете, кое беше видно вознемирено од сè она што се случуваше, а до нив беше и неговата сопруга.

- Оглас -

Најнови вести