Црвена ѕвезда победи со 1-0 на гости кај Линколн од Гибралтар во првиот натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, а Црвено-белите до триумфот дојдоа благодарение на голот на Бруно Дуарте, но беше комично да се види како изгледаше ВАР-прегледот на регуларноста на тој гол.
Имено, линијата што ја користеа полските судии за да проверат дали Дуарте бил во офсајд беше очигледно неправилно повлечена. Не беше повлечена право, туку накосена и минуваше низ телото на домашниот играч кој беше последен во одбраната.
Кога ја виде снимката од линијата, хрватскиот коментатор се насмеа и велеше дека линијата не е добро повлечена и не даваше никаков сериозен доказ дека позицијата на Дуарте била чиста.
@riswag88 🤭 #hrvatska #hrvatska🇭🇷 #hrvatskatiktok #hrvatskatiktok🇭🇷 #balkan #fyp #foryou