Коментатор падна во транс по вториот гол на Саудијците (Видео)

Сите фудбалски фанови буквално полудуваат кога нивниот тим или репрезентација ќе направи некој шокантен резултат, а денеска тоа го демонстрираше коментаторот од Саудиска Арабија откако неговите фудбалери го направија првото големо изненадување на Мундијалот во Катар и ја победија Аргентина.

Аргентинците, кои се сметаат за еден од главните фаворити за трофејот, загубија од Саудиска Арабија со 1:2, и тоа со пресврт бидејќи Гаучосите по првиот дел имаа водство од 1:0.

Иако едно од новинарските правила е да не се мешаат емоциите и работата, кога станува збор за настапи на репрезнетации, тоа правило не важи и коментаторот од Саудиска Арабија со право падна во транс по вториот гол на неговите фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести