Луис Енрике за иднината: „Рано ќе се пензионирам, нема да бидам тренер како дедо“

Луис Енрике со ПСЖ и втора сезона по ред ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, а на патот до одбрана на трофејот сега го има Арсенал. Додека екипата се подготвува, Шпанецот дава изјави за својата иднина, па вели дека нема да биде тренер и како дедо.

„Не сакам да бидам тренер како дедо. Тоа не го сакам. Мислам дека по 60 години … Го задевам мојот брат Фелипе и му велам дека ќе одам во пензија пред него. Тој е една година помлад од мене, има 55 одини и ќе се пензионира на 61, па сега вие пресметајте.“ – вели Луис Енрике.

56-годишниот Шпанец веќе две сезони е на клупата на ПСЖ и освои низа трофеи, па сите се во очекување да го продолжи договорот со „светците“.

- Оглас -

Најнови вести