15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Коментаторите на „Барса ТВ“ го поздравија Лука Модриќ и се потсетија на неговата „услуга“ (Видео)

Барселона славеше со 7-3 против Даегу на азиската турнеја, а коментаторите на клупската телевизија на Каталонците, „Барса ТВ“, го споменаа и Лука Модриќ. Како што е „редот“ кога се работи за ривали, имаше и иронија.

„Не му одадовме почит на Лука Модриќ, а тој тоа го заслужува. Неговата последна голема услуга беше додавањето на Жил Кунде во финалето од Купот на Шпанија“, порачаа тие.

Лука Модриќ на тој меч направи грешка и го проигра противничкиот фудбалер Кунде, кој тргна сам кон голот на Кралевите и погоди за победа и трофеј на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести