Комичен автогол го реши мостарското дерби (Видео)

Целосната деконцентрација кај фудбалерот Денис Звониќ (капитен на Вележ) придонесе тој да си даде авготол за телевизиски шпици за најсмешни моменти. Тоа се случи на мостарското дерби помеѓу Зрињски и Вележ, градски ривали кои три години немаа играно меѓу себе.

На трибините на „Бијели бријег“ се собра многу публика, а Зрињски победи со 1-0 токму со овој необичен автогол. Звониќ, кој беше паднат на земја, сакаше да ја исфрли топката во корнер, но тоа го направи многу лошо и си даде автогол кој ќе го памети до крајот на животот.

 

- Оглас -

Најнови вести