Голманот на австралиски Вондерерс Даниел Маргуш правеше чудни потези во финишот на мечот и од целата ситуација излезе со троен зијан. Беше исклучен, против неговата екипа беше досуден пенал и наместо победа и три бода, тимот освои само еден бод со реми 1:1.
Целата ситуација беше комична и се случи во самиот финиш на мечот меѓу Вондерерс и Бризбејн.
Маргуш никако не успеваше да ја смири топката, иако близу до него немаше никој, па се сплетка и се обиде да дрибла кога резервата на Бризбејн, Алекс Парсонс забележа дека голманот е несигурен.
Играчот на гостите ја искористи ситуацијата му ја одзеде топката на Маргуш и потоа голманот на Вондерес направи фаул за пенал и доби црвен картон.
https://twitter.com/aleaguemen/status/1512722123504033798?s=20&t=W0P3dtudR0ELBvkdyxKziw
Бризбејн израмни на 1:1 со прецизниот удар на Џеј О`Ши од белата точка и освои еден бод исклучиво по вина на трагичарот на мечот, голманот на Вондерерс.