„Комити“ во голема бројка, од „Јане Сандански“ испратија моќна порака до сите Македонци! (Фото)

Навивачката група „Комити“ во прилично голем број е присутна во салата „Јане Сандански“ и му дава поддршка на ракометниот тим на Вардар 1961 во дуелот со Партизан од СЕХА-лигата, а оваа прилика ја искористија и да испратат порака до сите Македонци.

„Стани Македонче, потребна е акција, за даскалот кој ја обедини целата нација. 04.02.2023“, стоеше на паролата која ја истакнаа фановите на скопските Црвено-црни, а се однесува на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев.

- Оглас -

Најнови вести