Комо не го пријави Варан за настап во Серија А, Французинот размислува за пензионирање?!

Рафаел Варан е исфрлен од списокот на Комо за настап во Серија А, бидејќи се повреди само 23 минути од неговото доаѓање во клубот летово.

Поранешниот централен дефанзивец на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед имаше деби во дуелот од Купот на Италија против Сампдорија на 11-ти август, но Французинот кој е најзвучно име во тимот, издржа само 23 минути пред да се повреди. 

Проблемот е со мускул на бутот, а информациите сугерираат дека неговата повреда најверојатно ќе го оддалечи долгорочно и нема да може да настапи на натпреварите во Серија А до следниот пат кога Комо ќе го ажурира официјалниот список.

Се шпекулира за можно повлекување на Варан од светот на фудбалот. Иако има 31 година, многуте повреди во последно време можеби ќе го натераат да каже доста беше. 

- Оглас -

Најнови вести