Комо со минимален триумф против Торино на Елиф Елмас

Фудбалерите на Комо успеаја да остварат важен триумф (1-0) против Торино и се искачија на 13-то место на табелата, бегајќи што подалеку од опасната зона.

Анастасиос Довикас беше стрелец на победничкиот погодок за Комо во 38-та минута од дуелот. Торино постигна гол за израмнување во 92-та минута, но по прегледување на ВАР снимката погодокот на Иван Илиќ не беше признат.

Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за гостите.

Торино по овој пораз е десетти, со 40 освоени бодови.

- Оглас -

Најнови вести