Компани објасни зошто Баерн Минхен победи со 10:0 на клупското СП

Баерн Минхен немаше милост и со 10:0 го победи Оукланд во меч од клупското Светско првенство во САД. Ова е прв пат во последниве 40 и кусур години, германскиот гигант да постигне 10 голови во еден официјален меч на меѓународно ниво.

По убедливата победа, тренерот на Баерн, Винсен Компани изјави дека е за задоволен од играта на неговиот тим и објасни дека високата победа е благодарение на тоа што неговите фудбалери сериозно пристапиле на мечот.

„Во моментов нема потреба од пофалби, ние едноставно си ја завршивме работата на терен. Игравме многу сериозно. Го направивме тоа што требаше. Не очекувавме дека ќе бидеме толку ефикасни на овој меч, но едноставно угравме на нашето ниво“, рече Компани.

- Оглас -

Најнови вести