Компани после елиминацијата од ЛШ: „Имаме голема цел, а таа е да го вратиме трофејот од Бундеслигата“

Баерн Минхен со домашен пораз и гостинско реми против Интер го заврши настапот во Лигата на шампионите во четвртфиналето, па сега може да се насочи кон домашното првенство, каде има предност од шест бода пред актуелниот шампион, Баер Леверкузен, на пет кола до крајот на Бундеслигата.

„Сакаме да искористиме се што ни е на располагање за да бидеме подобри на следниот натпревар. Мотивирани сме и гладни за успех. Не ни е потребно многу време за да си ја вратиме енергијата. Сега приоритет ни се следните 90 минути против Хајденхајм. Екипата е на добар пат. Имаме голема цел за следниот период, а тоа е да ја вратиме титулата од Бундеслигата. Повредите ни се проблем, но кога ќе се комплетираме ќе може да ја видите целата сила на Баерн Минхен.“ – вели тренерот на баварскиот гигант, Винсен Компани.

- Оглас -

Најнови вести