Баерн Минхен има комотна предност од пет бодови пред Баер Леверкузен на чело на табелата во Бунделигата и меч кој денеска го игра на свој терен против Ајнтрахт Франкфурт. Овој дуел е еден вид дерби меч затоа што Ајнтрахт е на третото место на табелата и нема пораз на последните седум средби во првенството (четири победи и три реми).
Тренерот на Баерн, Винсен Компани е загрижен пред денешниот меч, затоа што неизвесно е дали ќе игра неговиот најдобар ирач Хари Кејн кој заработи повреда на последниот дуел против Селтик во Лига на шампиони.
„Пред мечот ќе знаеме дали Кејн ќе може да настапи или не. Ако не биде подготвен тоа нема да биде прв пат сезонава да играме нез него. Сепак, верувам дека ќе може да игра, затоа што никогаш не би се откажал од играч кој може да постигне 30-40 голови во една сезона. Ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение и да победиме против Ајнтрахт“, вели Компани.
На првиот меч сезонава одигран во Ајнтрахт резултатот беше 3:3, а во последните пет меѓусебни дуели, дури три пати имало барем шест голови (освен 3:3 имало и резултати како 5:1 за Ајнтрахт и 6:1 за Баерн).