Компани се појави на прес-конференција, кажа една реченица и си замина (Видео)

Баерн Минхен ја врати во своја сопственост титулата во германската Бундеслига, а вчера, во последното коло на убедлив начин со победа од 4:0 на гости кај Хофенхајм, само потврди кој е најдобар тим во лигата.

Иако Хофенхајм загуби убедливо, задоволство имаше и кај домашните фанови и играчи, затоа што обезбедија сигурен опстанок во лигата, по поразот на Хајденхајм од Вердер.

По завршување на мечот, на стандардната прес-конференција, тренерот на Баерн, Винсен Компани беше видно расположен, а успеа во само неколку секунди да го заврши настапот. Компани кажа само една реченица и тука заврши пресот.

„не очекувам никакви прашања затоа што победивме со 4:0“, низ шега прокоментира Компани, а откако не доби ниедно прашање од новинарите, насмеан си замина.

- Оглас -

Најнови вести