24.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Компани: „Совршен меч, се надевам дека навивачите се забавуваа“

Задоволство владее во редовите на Баерн Минхен по првиот меч од Бундеслигата, а како и да не биде така, кога со убедливи 6-0 славеа над Лајпциг пред својата публика.

Тренерот на „баварците“, Винсен Компани, ги истакна проблемите со кои се соочуваа, но не го криеше задоволството од одличниот старт на сезоната.

„Се надевам дека навивачите уживаа во нашата енергична и забавна игра, впрочем и затоа играме фудбал. Имавме одличен прв натпревар на ‘Алијанц арената’, се беше совршено. Имавме многу проблеми оваа недела, но ние одговоривме на теренот. Имаме основа, база, и тоа е најважно. Постои само една концепција за оваа сезона: секогаш да победуваме.“ – рече Компани.

- Оглас -

Најнови вести