Конечен дизајн, или само концепт? Необичен е новиот дрес на Барселона (фото)

Дизајнот за новиот дрес на Барселона е навистина необичен. Откако Каталонците минатата сезона ги сменија вертикалните линии со шах-дизајн, по една сезона пауза шпанскиот гигант повторно ќе „излезе“ од стандардниот изглед.

Околу градниот кош од десната страна стои црвен крст, додека на левата половина се ситни црвени вертикални линии. Од името на спонзорот па надолу веќе почнуваат стандардните вертикални линии.

Засега е непознато дали ова е конечен дизајн или само концепт креиран од страна на фан на клубот. Секако, дали Барселона со ваква униформа ќе ги игра домашните дресови, ќе биде познато пред почетокот на сезоната 2021/22.

- Оглас -

Најнови вести