Екипата на Алкалоид од денеска и официјално во своите витрини го доби трофејот од ЕХФ Купот освоен минатата сезона на европска сцена.
Алкалоид во финалето во мај, го победи АЕК во Атина, а кога требаше Грците да гостуваат во реваншот во Скопје, одбраа неспортски потег и не излегоа на теренот.
Од ЕХФ тогаш решија трофејот да го вратат во централата на ЕХФ, но еве денеска ракометарите на Алкалоид заслужено се израдуваа на тоа што го заслужија минатата сезона.